Спајс Грлс момент: Викторија Бекам случајно заигра среде Менхетн
- Детали
- среда, 14 септември 2016
42-годишната Викторија Бекам за момент се врати назад во младоста кога беше дел од групата Спајс Грлс и заигра во центарот на Њујорк пред толпата.
Дизајнерката и мајка на 4 деца ненадејно започна да танцува во Менхетн на ритамот да еден битбоксер.
Со сериозно лице, бела маичка и црни панталони случајно помина и заигра.
Некој од случајните минувачи кои застанале да го проследат пријатното изненадување успеале моментот да го снимат и пуштат на социјалните мрежи:
Инаку, неодамна таа ја покажа својата колекција на модната недела во Њујорк и се чини дека танцот бил во знак на среќа од тоа колку успешно била прифатена колекцијата од модните критичари.
Н. Г. | Црнобело