Зошто сопругата на премиерот на Сингапур одбра да носи чанта од $15 долари?
- Детали
- четврток, 18 август 2016
Дамите чии сопрузи се на високи политички позиции, преферираат да носат елегантни и скапи модни додатоци, но истото не важи и за Хо Чинг, сопругата на премиерот на Сингапур.
Таа за посетата на Белата Куќа и моменталниот претседател на Америка, решила да носи тексас чанта која чини само $15 долари.
Па, не е ни чудно што за краток период стана една од најбараните чанти.
Но, оваа чанта не е обична чанта, таа е креирана од страна на ученик од училиштето „Pathlight School“, првото училиште во земјата кое е фокусирано на децата со аутизам.
19-годишниот Сето Шенг Џи бил опседнат со диносауруси, па токму затоа го одбрал овој принт за чантата.
Инаку, производите кои се креираат во ова училиште се продаваат, а нивните дизајнери ги добиваат парите.
Н. Г. | Црнобело