Емотивен момент: Џенифер Анистон се расплака сред говор
- Детали
- вторник, 26 јули 2016
За време на филмскиот фестивал „Giffoni Film Festival“ во Италија каде Џенифер Анистон ја освои наградата за доживотно остварување, таа реши да се отвори и да раскаже за своите несигурности.
„Едно утро се разбудив и не знаев која сум. Нема доволно прсти на нозе и раце во просторијава да дефинирам колку пати ми се случило тоа.“ - изјави.
„Сите ние сме човечки суштества на крајот на денот, без разлика дали сме актерка, келнерка или пекар или студент, се случува на секого на крајот на денот да не сака да продолжи понатаму. Или да каже ова е премногу.“ - додава.
„Моето срце не е доволно силно да ја издржи болката. Дали сум доволно добра? Ќе преживеам? И некако морате да одговорите на овие прашања за да продолжите понатаму.“
Таа исто така во еден момент додава дека тоа што сте познати не ви дава имунитет, не се поразлични од другите луѓе...
Погледнете го целиот нејзин говор:
Н. Г. | Црнобело