Пипа Мидлтон е верена, но го крие прстенот
- Детали
- вторник, 19 јули 2016
Сестрата на Кејт Мидлтон, Пипа, втора го пронајде својот принц. Нејзиното момче Џејмс Метјус ја побарал раката на Пипа додека биле на краток одмор во националниот парк Lake District.
Запросувањето било изненадување, а 40-годишниот Џејмс извадил дијамант од џебот, додека бил на едно колено пред Пипа Мидлтон.
Парот е заедно помалку од 1 година, а венчавката се планира да се одржи следната година.
Изворите кои ги потврдуваат гласините за веридбата, тврдат дека Џејмс е традиционален маж и претходно ја побарал раката на Пипа од нејзиниот татко.
Само неколку часа пред свршувачката да биде откриена во јавноста, Пипа Мидлтон присуствуваше на добротворен настан во Лондон и ја криеше левата рака зад грбот додека позираше во цветен фустан.
М. Д. | Црнобело