Како изгледаат денес латино заводниците од теленовелите?
- Детали
- среда, 22 јуни 2016
Игнасио, Ориноко, Хулио... Се сеќавате на имињата на некои од најголемите латино заводници од ТВ сериите?
Дали некогаш сте се запрашале како изгледаат ден? Стареат „како квалитетно вино“ или?
Освалдо Риос од „Касандра“
По „Касандра“ каде ја глумеше улогата на главниот заводник Игнасио, актерот Освалдо Риос некое време публиката не можеше да го види на малите екрани, бидејќи завршил зад решетките.
Неговата поранешна сопруга го обвинила за сексуално и физичко злоупотребување, па половина година ја поминал во затвор.
Луис Фернандез од „Љовисна“
Многу домаќинки навиваа за Љовисна и Ориноко.
Актерот денес има 49 години, а покрај актерството се занимава и со пишување и продукција.
„Се сеќавам дека Скарлет не знаеше да плаче. Улогата на Љовисна беше нејзиното деби во светот на актерството. Беше многу жешко на локацијата на која снимавме и моравме неколкупати да ја снимаме сцената, а таа никако не можеше да заплаче.
Се сеќавам дека се налутив и си заминав во својата приколка, а таа толку лошо се чувствуваше поради тоа што навистина заплака. Тој момент го искористивме за да ја снимиме сцената. Денес со смеење се присетуваме на случката“
Фернандо Колунга од „Есмералда“
Фернандо јавноста го памети по главната улога која ја имаше во „Есмералда“ и споредните улоги во „Злобница“ и „Маримар“ .
По струка е дипломиран инженер. Како изгледа денес?
Валентино Ланус од „Невина“
Серијата „Невина“ исто така, беше меѓу популарните теленовели во кои главната машка улога ја имаше згодниот актер Валентино Ланус.
Тој ја глумеше улогата на Хулио Алберто, а по него жените едноставно лудуваа.
Денес сè уште се занимава со глума, но и хуманитарна работа.
Н. Г. | Црнобело