Веќе се запознаваат со пријателите: Тејлор Свифт и Том Хидлстон на концерт на Селена Гомез
- Детали
- среда, 22 јуни 2016
Тејлор Свифт како целосно да заборави на Калвин Харис и ужива во својата нова романса со Том Хидлстон кој го кани на сè, па дури и на концерт на нејзината блиска пријателка Селена Гомез.
Двојката е снимена како танцува на концертот на Селена Гомез во Нешвил, Тенеси.
„Тејлор го покани Том да одат заедно. Том секогаш сака да ја прави среќна Тејлор и да ѝ покаже дека нејзините пријатели му значат. Тоа многу ѝ се допаѓа на Тејлор“ - изјавил близок извор на двојката.
По само две недели од раскинувањето со Калвин Харис, тие беа фотографирани како се бакнуват на плажа:
Сега, 26-годишната пејачка и 35-годишниот актер уживаа со блиска група на пријатели во гласот на Селена:
Taylor, Tom, Abigail, and Matt at Selena Gomez's show tonight! #RevivalTourNashville pic.twitter.com/m8jtY9XSgp
— Taylor Swift Updates (@TSwiftLA) June 22, 2016
Taylor, Tom, Abigail, and Kelsea dancing to 'Hands to Myself' #RevivalTourNashville pic.twitter.com/l1YBSbbtyZ
— Taylor Swift Updates (@TSwiftLA) June 22, 2016
Н. Г. | Црнобело