Ева Лонгорија овој викенд ќе каже „да“ во венчаница од Викторија Бекам
- Детали
- четврток, 19 мај 2016
Ева Лонгорија и Хосе Антонио Бастон овој викенд ќе стапат во брак во прекрасна вила во Акапулко, Мексико, после речиси 3 години врска.
Церемонијата е закажана во домот на актерот Џејми Камил и листата на гости вклучува голем број на познати имиња како Дејвид и Викторија Бекам, Пенелопе Круз, Рики Мартин, Кети Пери...
Ева Лонгорија и Хосе Антонио се верија пред 5 месеци, кога 47-годишниот Хосе ја запроси Ева во Дубаи со прстен од рубин и дијаманти.
Ева ќе биде невеста по третпат, овојпат носејќи креација од нејзината најдобра пријателка Викторија Бекам.
Првиот брак на актерката беше со актерот Тејлор Кристофер од 2002-ра до 2004-та година, а по вторпат стапи во брак во 2007-ма со НБА ѕвездата Тони Паркер. Бракот заврши во 2010-та година.
Хосе пак, има 3 деца од првиот брак.
Ева досега отворено зборувала за пропаднатите бракови, а пред само неколку месеци изјави:
„Кога еднаш ќе сфатите дека венчавката не значи брак, тогаш ќе сфатите да ја цените заедницата и ќе ги намалите очекувањата.“
М. Д. | Црнобело