Тазе мајката Криси Тајген сега критикувана зошто носи кратка маичка 3 недели по породувањето
- Детали
- вторник, 10 мај 2016
Криси Тајген се чини како да е магнет за критики во последно време - веќе беше критикувана заради тоа што излегува од дома само неколку дена по породувањето, а сега зошто толку бргу се облекува со кратка маичка и го покажува стомакот.
Тајген објави фотографија на Инстаграм, каде носи кратки панталони, кратка маичка и наметка, а на истата изгледа како воопшто да не била бремена.
Фотката наместо да ѝ донесе позитивни коментари околу тоа колку бргу успеала да се врати назад во форма, истата е мета на критики.
„Криси, одлично изгледаш и среќна си што си имала можност толку бргу да се вратиш во форма, но малку е нечувствително од твоја страна да објавуваш вакви фотографии за другите мајки да се чувствуваат бедно“ - гласи еден од коментарите.
„Како веќе да не се чувствуваат другите мајки лошо, па сега мораат да те видат во кратка маичка“ - бил вториот напад.
Дали и вие гледате нешто страшно на фотката?
Н. Г. | Црнобело