Животот на 9 познати личности кои сами стекнале светски успех
- Детали
- понеделник, 25 април 2016
Патот кон славата не е секогаш лесен. Всушност, многу почесто, морате да доживеете серија тешкотии и препреки, пред да можете да ги остварите соништата.
Неколку познати личности се пример токму за тоа, а и за фактот дека никогаш не треба да се откажете од целите кои сте си ги зацртале во глава.
Животните приказни на неколку славни личности кои сами достигнале успех во животот:
1. Џоана Роулинг
Денеска таа е глобално познат писател благодарение на сериите книги за момчето волшебник со проблематично детство - баш како што имала и таа заради односот со нејзиниот татко и често болната мајка.
По дипломирањето, таа се обидела да го најде нејзиното место во овој свет и сменила неколку работни места.
Конечно, во 1990-та година, додека патувала со воз од Манчестер до Лондон, дошла до идејата да напише книга за училиште за волшебници.
Новелата за првпат беше отпечатена во 1997-та година и беше именувана за детска книга на годината.
2. Џим Кери
Родителите на Џим Кери биле далеку од богати, па бил принуден да работи и да и помага на својата мајка уште од школските денови.
Кога имал 15 години за првпат се качил на сцената во еден локален клуб за комичари, но без успех. Две години подоцна, вториот обид завршил со успех.
Се преселил во Лос Анџелес и се пријавувал на секоја можна аудиција.
Наскоро ја добил главната улога за филмот „Ace Ventura“ - улога која многу познати личности ја одбиле, но на Џим Кери му донесе слава како комичар.
3. Деми Мур
Патот до славата бил тежок и долг. Во тинејџерските години престанала да се школува за да почне да работи со агенција за манекенство.
Набрзо потоа решила да стане актерка и се појавила во неколку тинејџерски филмови. Никогаш не се откажала од својот сон и конечно ја добила главната улога за филмот „Ghost“.
4. Џенифер Лопез
Нејзините родители немале пари, но тоа не ги спречило да инвестираат во своите деца. Како малечка таа обожавала да пее и танцува, а токму овие таленти, подоцна ќе ѝ донесат слава.
Започнала да работи во адвокатска фирма, но многу брзо се откажала и земала часови по танцување во позната школа.
Нејзините родители не ги одобрувале нејзините интереси, па си заминала од дома.
Со години била помошна танчарка пред да добие улога во неколку помали филмови. Денес е светски позната актерка и пејачка.
5. Том Круз
Дури и во текот на детството тој морал да работи за да ѝ помага на мајка си.
На 18 години решил да стане актер и заминал за Њујорк. Активно се пријавувал на аудиции за филмови, но не добивал улоги заради висината, сè до „Risky Business“.
6. Селин Дион
Селин посакувала да стане музичар уште од најмала возраст, дури и нејзиното име е од песната „Celine“. Кога имала само 12 години го направила нејзиното прво демо.
Еден ден нејзиниот брат слушнал за менаџер кој е во потрага по нов музичар, а кога слушнал како пее Селин, не само што бил фасциниран од нејзиниот глас, туку и бил сигурен дека ќе стане светски позната.
7. Даниел Крег
Британскиот актер денес е еден од најпопуларните холивудски ѕвезди, но мал број на луѓе знаат колку се потрудил за да ги оствари своите амбиции.
Уште од дете знаел дека сака да стане актер - започнал со глумење во театар уште од својата 6-годишна возраст, а потоа започнал и со филмови.
Улогата како негативец во филмот „Lara Croft: Tomb Raider“ му донесе светска слава.
8. Џенифер Анистон
Пред да стане популарна актерка, Џенифер Анистон работела како келнерка, курир и учествувала во неколку бродвејски претстави.
Првата телевизиска улога ја добила во 1990-та година и потоа глумела во хорор филм кој не поминал добро пред критичарите.
Била подготвена да се откаже, но ја добила улогата на Рејчел во ТВ серијата „Friends“ која ѝ донесе светска слава.
9. Опра Винфри
Опра потекнува од сиромашно семејство, таа дури и немала никакви играчки како дете. Но, и покрај тешкотиите, таа точно знаела што сака од својот живот.
На 17-годишна возраст освоила натпревар за јавен говор и добила стипендија за да се запише на Универзитет.
На 29 години добила понуда да работи како презентер во утринска емисија со ниски оцени. Наскоро истата емисија била преименувана во „The Oprah Winfrey Show“.
Н. Г. | Црнобело