Кети Пери во конци, Росалинда како замотана во фолија – Највпечатливите аутфити на MTV VMA наградите

Некои можеби имале оригинални идеи, но потфрлиле во изведбата. Други, пак, носеа аутфити во чест на Бритни која требаше да се појави на настанот… Што облекоа музичките ѕвезди на доделувањето на MTV VMA?

keti-peri-vo-konci-rosalinda-kako-da-e-zamotana-vo-folija-najvpechatlivite-autfiti-na-mtv-vma-nagradite-01.jpg

Најголемите музички ѕвезди и имиња во моментов синоќа (11.09) се собраа во Њујорк на црвениот тепих на MTV VMA, настан на кој беа доделени голем број награди, а каде за првпат по цела деценија беше номинирана и Бритни Спирс.

Иако многумина го очекуваа нејзиното присуство, Бритни Спирс не се појави на настанот.

keti-peri-vo-konci-rosalinda-kako-da-e-zamotana-vo-folija-najvpechatlivite-autfiti-na-mtv-vma-nagradite-03.jpgМеган Ди Сталион во аутфитот на Бритни

Имено, Бритни беше номинирана во новата категорија насловена „Највпечатлива изведба“, која годинава беше воведена со цел да се одбележи 40-годишнината од церемонијата.

Очекувано, поп-ѕвездата беше номинирана за нејзиниот настап од 2003-та година, заедно со Мадона, Кристина Агилера и Миси Елиот, кој ќе остане запаметен заради размената на бакнежи на сцената меѓу изведувачките.

keti-peri-vo-konci-rosalinda-kako-da-e-zamotana-vo-folija-najvpechatlivite-autfiti-na-mtv-vma-nagradite-02.jpgБритни и Мадона на MTV VMA 2003

Во нејзина чест Меган Ди сталион и Тејт Макреј носеа аутфити коишто Бритни ги носела на претходните изданија на MTV VMA.

keti-peri-vo-konci-rosalinda-kako-da-e-zamotana-vo-folija-najvpechatlivite-autfiti-na-mtv-vma-nagradite-04.jpgТејт Мекреј во аутфитот на Бритни

Другите ѕвезди, пак, се одлучија за некои пооригинални изданија.

Кети Пери носеше дводелен аутфит од распарани материјали, со истетовиран баркод на грбот, додека Тејлор Свифт се појави во корсет со отворено здолниште изработено од жолто-црн кариран материјал.

Латино-американската ѕвезда Талија, позната како Росалинда, се чини дека имала добра замисла за изгледот, но на крај изгледаше како да е завиткана во чудна алуминиумска фолија.

Контроверзниот рапер Lil Nas X се појави во униформа со кацига на главата…

Во галеријата погледнете ги модните изданија од MTV VMA 2024:

 

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Најубавите парови на доделувањето на Еми награди 2024 (фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија страстен бакнеж пред камерите, а Сел...
Тренд или скандал: Голотијата на сопругата на Канје Вест инспирација за славните дами на црвен тепих Кирстен Стјуарт, Ема Корин, Кои Лерпи... Славни дами кои се појавија во комбинац...
„Натапираната“ фризура на Мајли Сајрус, голите гради на Доџа Кет – Највпечатливите модни изданија на... Заради лошата ретро фризура, како никој не забележа дека Мајли Сајрус е речиси г...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg