10 актерки кои се доказ дека не е сè во изгледот
- Детали
- четврток, 21 април 2016
Нашиот физички изглед не е секогаш во согласност со стандардите за убавина, но од друга страна пак, и не е секогаш пресудна работа која ќе одреди колку ќе бидеме среќни и исполнети во животот.
Доказ за тоа се неколку актерки кои не изгледаат како идеал за убавина, но затоа со својот шарм и харизма не само што ги освојуваат кино салите, туку и срцата на сите луѓе ширум светот.
1. Мерил Стрип
Таа отворено се изјаснила: „Знам дека не можам да се потпирам на мојот изглед“, но и покрај тоа добро знаеме дека е пример за елеганција, инаку филмот „The Devil Wears Prada“ не би бил така успешен.
2. Барбра Страјсенд
Децата кои се шегувале на училиште на сметка на очите и носот на Барбра веројатно никогаш не претпоставувале дека ќе стане глобален секс симбол.
3. Винона Рајдер
На училиште, децата мислеле дека е момче, па дури и на првата аудиција ѝ препорачале да не се обидува да стане актерка, но таа денес е одлична актерка која го освои и срцето на Џони Деп.
4. Ен Хатавеј
Нејзината улога во филмот „The Princess Diaries“ одлично го прикажува и нејзиниот живот - од срамежлива девојка денес е неверојатно харизматична актерка.
5. Џенифер Лоренс
Како што самата изјавила: „подобро да имам облини и да изгледам на човек, отколку да изгледам совршено на екраните, а да бидат подвижен скелет“.
6. Ума Турман
Ума Турман никогаш не се сметала себеси за убавица, но тоа не ја спречи да стане муза на Квентин Тарантино.
7. Сара Џесика Паркер
Невозможно е да се негира огромното влијание на Сара Џесика Паркер кое го имаше на неколку генерации на жени преку улогата на Кери Бредшо.
8. Рене Зелвегер
Стана добро позната и омилена актерка откако глумеше во улогата на Бриџет Џоунс.
9. Хелена Бохам Картер
Додека била млада, Хелена го презирала својот изглед, сè додека не сфатила дека проблемот е во тоа како се претставувате пред другите, а не како изгледате.
10. Кира Најтли
„Важно ми е сите да знаат - изгледот за мене не е многу важен“ - така најави на публиката дека ќе ја шармира со своите таленти, не изгледот.
Н. Г. | Црнобело