Леонардо Ди Каприо и Ријана фатени заедно на Коачела (фото)
- Детали
- понеделник, 18 април 2016
Откако се појавија заедно на Коачела, уште еднаш сме соочени со прашањето: Дали Ријана и Леонардо ди Каприо се во врска? Музичката ѕвезда и оскаровецот се појавија заедно на ексклузивна забава „Neon Carnival“.
Двојката повеќе од година дена ги бранува социјалните мрежи со шпекулациите дека се повеќе од само пријатели. Ова посебно важи откако беа фотографирани како се бакнуваат во ноќен клуб во Париз.
На забавата по Коачела се обидуваат да останат што е можно понезабележани, но со самото тоа што се заедно, близу еден до друг, повторно тераат многу луѓе да се запрашаат - Дали е ова нашата нова омилена двојка?
Ниту еден од нив досега не ја негирал, ниту потврдил врската.
Н. Г. | Црнобело