Чудни моменти што го одбележаа доделувањето на MTV VMA 2024 + најзабавните твитови за настанот
- Детали
- четврток, 12 септември 2024
Кети Пери симулираше секс на сцена со друга пејачка, додека Орландо Блум збунето ја гледаше – моменти што го одбележаа 40-тото издание на MTV Video Music Awards, како и најзабавните твитови за настанот.
Синоќа (11.09) се одржа 40-тото издание на MTV Video Music Awards, а како и секоја година, настанот го одбележаа низа забавни, но и непријатни моменти.
Можеби очекувано, Тејлор Свифт освои најмногу награди, вклучувајќи ја и најважната – артист на годината.
Помеѓу доделувањето на наградите, присутните ги забавуваа некои до најпознатите музичари на денешницата, вклучувајќи ги Еминем, Кети Пери, Лени Кравиц, Камила Кабејо…
Дел од забавните и непријатни моменти што го одбележаа доделувањето:
Настапот на Кети Пери предизвика лавина негативни реакции.
Кети Пери настапуваше со американската раперка и пејачка Доечи, а во еден миг, изгледаше како на сцената да симулираат секс.
А, веројатно ни на Орландо Блум не му се допаднала изведбата на неговата сакана.
Сепак, бидејќи испеа дел од постарите хитови, доби и многу комплименти за настапот. А, дури и Тејлор Свифт танцуваше на песните.
И Сабрина Карпентер привлече внимание со настапот – на сцената со неа имаше танчари облечени во скафандер, како и танчар во костим на вонземјанин.
А, пејачката го бакна вонземјанинот.
Меган Ди Сталион се обиде да ѝ одаде почит на Бритни Спирс со аутфит инспириран од нејзината изведба на I’m a Slave 4 U на MTV VMA во 2001 година.
Меган на себе имаше и змија, како жолтиот питон на Бритни, но очигледно ѝ беше страв.
Еден од моментите што ја стопи јавноста беше учтивоста на Пост Мелоун додека стоеше на сцената со Тејлор Свифт.
Пејачот ѝ се обраќаше со ma’am – англиски израз за обраќање со почит кон жена, а може да се преведе и како госпоѓо.
Па, Тејлор дури и му рече да престане да ѝ се обраќа така.
А, на сите им се допадна и настапот на пејачка Чапел Роан (која допрва ќе се прославува), а буквално ја запали сцената.
И раперот LL Cool J ја разбуди носталгијата кај фановите, изведувајќи негови постари хитови.