Најслатките мигови од патувањето на кралската двојка во Индија (фото)
- Детали
- среда, 13 април 2016
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во неделата го започнаа патувањето во Индија и Бутан. Ова е нивното прво официјално заедничко патување по она во Њујорк во 2014.
Војводата и војвотката веќе започнаа со интересни, но и многу значајни активности како положување венец во чест на жртвите од терористички напади, присуствување на гала инспирирана од Боливуд и си играа крикет и фудбал со локалните деца.
Исто така, во понеделникот, парот присуствуваше на роденденска забава во чест на кралицата Елизабета II, која овој месец полни 90 години и заедно со помош на меч ја пресекоа тортата.
Ова се дел од најслатките моменти од нивното патување:
С. С. | Црнобело