Џејда Пинкет Смит и уште 8 познати личности кои признаа дека се зависници од секс
- Детали
- недела, 03 декември 2023
„Во еден период имав харем со околу 10 жени“, изјави Расел Бренд за неговата зависност од секс. Кои други познати личности се соочиле со овој проблем?
Зависноста од секс е сериозен проблем кој може да создаде низа компликации во животот.
Од нарушен однос со блиските и партнерите, па сè до зголемен ризик од зараза со сексуално преносливи болести, ова дефинитвино е сериозна зависност.
Кои познати личности признаа дека се соочувале со овој проблем?
Чарли Шин
Иако денес тврди дека е „посмирен“, Чарли Шин важи за еден од најпроблематичните холивудски ѕвезди.
Покрај проблемите со дрога, во далечната 1995 година, Чарли самиот призна дека во една пригода потрошил 53.000 долари за услуги од сексуални работнички.
Во 2000 година, пак, изјави дека дотогаш спиел со околу 5.000 жени, па може и повеќе.
Повеќе од една деценија подоцна, Чарли откри дека зависноста од секс му го загрозила здравјето, односно изјави дека има ХИВ.
Тајгер Вудс
Познатиот голфер се отвори за зависноста од секс во 2020 година, откако направи сообраќајка и имаше жестока расправија со сопругата која ги разоткри неговите неверства.
Тој замина и на рехабилитација.
„Сакам да кажам дека навистина жалам за моето неодговорно и себично однесување. Проблемот овде беше моето неодговорно однесување кое се повторуваше.
Бев неверен. Имав афери. Изневерував. Она што го направив е неприфатливо, јас сум единствениот виновник“, кажа тој на прес-конференција.
Мајкл Даглас
Мајкл Даглас беше тема на разговор за неговата зависност од секс уште пред голем дел од јавноста да сфати што точно значи тоа.
Првите гласини за неговата зависност почнаа да се јавуваат во раните 1990-ти, а актерот го даваше најдоброто од себе за да си ја зачува репутацијата.
Во 2013-та, пак, се дозна дека добил рак на јазикот поради многу орален секс.
Денес овие проблеми се далеку зад Мајкл, но тој останува една од првите познати личности за која јавноста дознала дека се соочува со овој проблем.
Дејвид Духовни
Ѕвездата од X-Files откри дека е зависен од секс во 2008 година, по што замина на рехабилитација.
Тој период, актерот беше во брак со актерката Теа Леони скоро 11 години, но поради зависноста ја изневерувал.
Иронично е што во периодот кога го призна проблемот, Дејвид глумеше зависник од секс во серијата Californication.