10 сериозно талентирани актери кои стекнаа слава дури по 40-тата година
- Детали
- среда, 13 април 2016
Успехот не доаѓа преку ноќ - потребно е да имате трпение, храброст и што е најважно, да бидете упорни и никогаш да не се откажувате.
Додека некои актери се сомневаат дали воопшто да се трудат да градат кариера кога се повозрасни, некои воопшто не се двоумат и заради тоа добиваат интернационална слава.
10 талентирани актери кои станале славни по 40-тa годинa:
Морган Фриман (на 50 години)
На платното своето деби го направи на 34 години, потоа долго исчезна од сцената за на крај да биде номиниран за Оскар за филмот „Driving Miss Daisy“ на 50-годишна возраст.
Томи Ли Џонс (на 47 години)
Покрај неговите таленти за спорт, Томи Ли Џонс, својот живот го посветил на театарот и киното. На 47 години доби Оскар за Најдобар актер во споредна улога за филмот „The Fugitive“.
Мелиса Мекарти (на 41 година)
Мекарти својот најголем успех го доживеа за филмот „Bridesmaids“ во 2011-та година, беше номинирана за неколку награди и покажа дека не треба да се откажувате од градењето на кариера дури и на 40 години.
Самјуел Л. Џексон (на 44 години)
Самјуел Л. Џексон се појавил во над 100 филмови пред да наполни 40 години, но својот успех го доживеа со филмот „Pulp Fiction“ за кој беше номиниран за Најдобар актер во споредна улога.
Лесли Нилсен (на 54 години)
Лесли Нилсен стана светски познат актер на 54 години откако глумеше во комедијата „Airplane!“ по која доби репутација како добар комичар.
Кети Бејтс (на 42 години)
Кети Бејтс стана светски позната откако ја освои наградата за Најдобра актерка на 42 години во филмот „Misery“.
Пјер Ричард (на 42 години)
Својата популарност ја доби глумејќи како несмасен човек во комедии на 42 години.
Стив Карел (на 43 години)
Неговиот талент за комедии се истакна откако ја доби главната улога во филмот „The 40-Year-Old Virgin“ кога имаше 43 години.
Ким Катрал (на 41 година)
Ким стана позната по својата улога во ТВ серијата „Sex and the City“ иако и претходно се обидувала да гради успешна кариера како актерка.
Жан Рено (на 46 години)
Му биле потребни години за да стане позната личност во филмската индустрија, но никогаш не се откажал. Стана познат откако започна да соработува со Лук Бесон за филмот „Subway“.
Н. Г. | Црнобело