Кејт Мидлтон ја откри тајната на нејзината совршена фигура по двете деца
- Детали
- вторник, 12 април 2016
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, откри како останува во форма за време на присуствувањето на забава во Њу Делхи со принцот Вилијам, по повод пристигнувањето на роденденот на кралицата.
34-годишната војвотка често покажувала дека има добри спортски вештини, но признава дека додека е дома со нејзиниот сопруг и децата, токму принцот Џорџ и принцезата Шарлот се тие кои ја држат во форма.
На прашањето „Како ја изгуби тежината по двете деца?“ таа одговорила дека „трча по нејзините деца“. Дипа Томас Сатклиф, директор за Nissan, изјавила дека имала можност да ја запознае војвотката и кратко зборувале за принцезата Дијана.
Војвотката изјавила дека жали што не ја запознала мајката на нејзиниот сопруг.
На забавата таа изгледа софистицирано и гламурозно како вообичаено, во маичка и здолниште од британската дизајнерка Алис Темперли.
Н. Г. | Црнобело