Николас Кејџ е крал на кратките бракови: Кои славни личности се разведоа за помалку од една година?

Славните личности секогаш се во центарот на вниманието, особено кога станува збор за љубовни романси или уште поскандалозно – кога славните парови се разведуваат. 

od-samo-nekolku-dena-do-nekolku-meseci-slavni-lichnosti-chiishto-brakovi-traele-mnogu-kratko-01.jpg

Не е невообичаено да слушнеме за славните холивудски личности дека стапиле во брак кој се распаѓа. Но, кај некои судбоносното „да“ не трае многу долго - од неколку дена до неколку месеци. 

Предводник на оваа листа е Николас Кејџ, кој двапати се разведе за помалку од една година. 

Погледнете дел од славните личности чии бракови им се завршиле за многу краток период:

Николас Кејџ и Ерика Коике - 4 дена

Во 2019 година, Кејџ се ожени со Ерика Коике, со која беше во врска една година. Но, бракот заврши само неколку дена по свадбата.

Парот имал голема јавна расправија, а само четири дена по склучувањето на бракот, Кејџ поднел барање за развод.

od-samo-nekolku-dena-do-nekolku-meseci-slavni-lichnosti-chiishto-brakovi-traele-mnogu-kratko-01_1.jpg

Кармен Електра и Денис Родман - 9 дена

Само девет дена откако ги кажаа своите заветите на 14 ноември, кошаркарот Денис Родман поднесе барање за поништување на бракот, тврдејќи дека бил „пијан“ кога се венчал со актерката и Плејбој зајачица, Кармен Електра.

od-samo-nekolku-dena-do-nekolku-meseci-slavni-lichnosti-chiishto-brakovi-traele-mnogu-kratko-02.jpg

Дру Баримор и Џереми Томас - 39 дена

Дру Баримор реши да се омажи со Џереми Томас по само шест недели врска.

Тие ги воодушевија сите со свадбена церемонија во март 1994 година, а сепак, нивната љубов изгледаше повеќе како искра, отколку како вечен пламен, па заврши само 39 дена откако ги кажаа своите завети.

od-samo-nekolku-dena-do-nekolku-meseci-slavni-lichnosti-chiishto-brakovi-traele-mnogu-kratko-03.jpg

Еминем и Ким Скот - 3 месеци

Еминем и Ким Скот имале далеку од стабилна врска. Во 2001 година се разведоа по само две години брак, а нивната разделба била обележана со жестоки правни битки и јавни расправии.

Тие повторно се венчаа во 2006 година, но очигледно тоа било лоша одлука, па повторно се разделија по само 3 месеци.

od-samo-nekolku-dena-do-nekolku-meseci-slavni-lichnosti-chiishto-brakovi-traele-mnogu-kratko-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
Николас Кејџ никогаш посреќен со 31 годинa помладата сопруга + детали за 4-те пропаднати бракови на ... Иако е во брак со 31 година помлада жена, ова не е најскандалозниот брак на Нико...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Самоубиство, секс снимка: Најскандалозните холивудски парови Од поново време, ретко кој пар може да се спореди со Џони Деп и Амбер Херд, баре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg