Заради лош Фотошоп, на Викторија Бекам ѝ недостасува дел од ногата
- Детали
- понеделник, 11 април 2016
Викторија Бекам е омилениот дизајнер на повеќето модни блогерки, па и мајки. Таа е пример за жена која може да има сè.
Но, една нова фотографија предизвика бура на Инстаграм по која многумина се запрашаа дали и Бекам не може да одолее на Фотошопот.
Во серија фотографии за Vogue China дизајнерката се појави со минимална шминка во неколку храбри пози, а една фотографија посебно го привлече вниманието.
На оваа фотографија се чини како да постои празнина таму каде треба да биде горниот дел од нејзината десна нога и многумина веруваат дека истиот бил по грешка избришан со Фотошоп.
Други пак, застанаа во нејзина одбрана и велат дека тоа е само кошулата што ја носи.
Што мислите вие - Фотошоп или кошула?
Н. Г. | Црнобело