Мрачната страна на Бред Пит: Во младоста бил скиентолог, учествувал во бизарни ритуали
- Детали
- сабота, 23 март 2024
Во раните 1990-ти, по иницијатива на неговата тогашна девојка, Бред Пит накратко бил дел од скиентолошката црква и учествувал во бизарни „ритуали за прочистување“ кои вклучувале седење во сауна со малолетна девојка.
Том Круз е најпознатиот член на скиентолошката црква, исто како и Џон Траволта.
Но, и бројните други холивудски актери се дел од контроверзната црква, а во минатото член бил и Бред Пит.
Во 1990-тите, по иницијатива на неговата тогашна девојка, актерот учествувал и во неколку бизарни сеанси од црквата, но на крај сепак се откажал.
Како Бред Пит завршил во скиентолошката црква?
Бред Пит беше во врска со актерка која е скиентолог
Во 1990-тите, Бред Пит беше во врска со актерката Џулиет Луис чии родители се скиентолози.
Па, и таа ја прифатила религијата.
На почетокот на деценијата, таа почнала да го носи актерот на сеанси и во период од една година, тој го завршил основниот курс кој е како вовед во религијата.
Но, според поранешни членови, на актерот уште на почетокот му било тешко да ја прифати религијата, и додека траел курсот, неколкупати сакал да си замине.
Сепак, Џулиет успевала да го наговори да не се откажува.
По завршувањето на курсот, имало и вид церемонија, како дипломирање, а актерот наводно одржал и говор.
Гласини за бизарни ритуали
Во 2020 година, поранешен скиентолог во интервју за The Sun зборуваше за периодот кога актерот бил дел од црквата.
Според него, во црквата се изведувал „ритуал за прочистување“, и тоа во сауна.
Истакнатите членови на црквата го правеле ритуалот во посебен центар за славни личности, а таму бил и Бред Пит.
„Тој период ме испратија во центарот за познати личности. Кога бев таму, ја сретнав ќерката на еден од лидерите.
Таа ми кажа дека Бред Пит, кој тој период беше во врска со актерката Џулиет Луис, го направил ритуалот за прочистување. Бил во центарот за славни за да има приватност“, открива скиентологот.
Не е познато што точно вклучува ритуалот, но според поранешниот скиентолог, актерот бил сам во сауна со 15-годишна девојка.
Тогаш тој имал 26 години. И, родителите на девојчето биле свесни за тоа, па дури и горди.
„Мислеа дека ќерка им беше совршен избор (за ритуалот). Тие беа прекрасно семејство, татко ѝ постојано беше насмеан.
Ова се случуваше околу 1992-ра, што значи девојчето имаше околу 15 години“.
Актерот се откажал од црквата во 1993-та
Кратко по ритуалот за прочистување, актерот си заминал од црквата и никогаш не се вратил.
Иако сите се обидувале да го вратат назад, бидејќи веќе бил славна личност, што ѝ годело на црквата, никој не успеал.
Неговото заминување било и пресудно за врската со Џулиет Луис, па тие раскинаа.
Актерот нема зборувано за овој период од неговиот живот.
Спирова С. | Црнобело