Џорџ и Амал Клуни го имаат рецептот за среќен брак
- Детали
- вторник, 05 април 2016
Бракот на Џорџ и Амал Клуни се чини како сосема обичен брак кој го имаат многумина, иако немаат слава како нивната.
И двајцата се успешни во своите кариери, па честопати се случува да мора да поминат време одвоени бидејќи професионаните обврски го наложуваат тоа.
Но, велат дека тајната на нивниот брак се крие во тоа што тие никогаш не поминуваат повеќе од една недела раздвоени.
„Имаме правило според кое не дозволуваме да бидеме разделени повеќе од една недела“ –објаснува Џорџ.
„Имаме место во Лондон каде можеме да поминеме многу време заедно, а јас сепак можам да работам на новите филмски проекти – пишување, читање сценарија – или одиме до езерото Комо или пак престојуваме во Лос Анџелес кога морам да се појавам на важните состаноци.“
Парот се венчаше во Венеција, во септември 2014-та година. Оттогаш се чини дека нивната врска станува сè подобра и посреќна.
Актерот признал дека она кое го привлекло кај Амал била нејзината интелигенција, а секако и нејзината убавина и елеганција.
М. С. | Црнобело