Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Љубовта не брои години: Ричард Гир (75) не ги одлепува рацете од 34 години помладата сопруга

„Таа е среќна жена“ – велат обожавателките на холивудскиот актер Ричард Гир, кој не можеше да ги одлепи рацете од 34 години помладата сопруга, додека позираа на црвен тепих. Погледнете како изгледа некогашниот холивудски заводник во осмата деценија од животот.

ljubovta-ne-broi-godini-richard-gir-75-ne-gi-odlepuva-racete-od-34-godini-pomladata-sopruga-01.jpg

Ричард Гир и неговата сопругата Александра во вторникот позираа на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Цирих, а фотките на кои се прегрнати и разменуваат нежности се објавени речиси во сите светски таблоиди.

Актерот (75) кој своевремено важеше за еден од најголемите холивудски заводници, присуствуваше на фестивалот, по повод проекцијата на филмот Wisdom Of Happiness, на кој работеше како продуцент.

Ричард и неговата 34 години помлада сопруга Алехандра (41) се во брак од 2018-та година, откако претходно 2 години беа во врска.

ljubovta-ne-broi-godini-richard-gir-75-ne-gi-odlepuva-racete-od-34-godini-pomladata-sopruga-02.jpg

Тие се родители на синовите Александар (5) и Џејмс (4), а се трудат максимално да го зачуваат нивниот идентитет и ги држат подалеку од очите на јавноста.

Ричард Гир на црвениот тепих беше расположен и насмеан, а видливо беше дека не може да ги одлепи рацете од убавата сопруга.

ljubovta-ne-broi-godini-richard-gir-75-ne-gi-odlepuva-racete-od-34-godini-pomladata-sopruga-03.jpg

Девојките на социјалните мрежи тврдат дека Ричард Гир изгледа одлично и во осмата деценија од животот, а дека љубовта кон сопругата добро „му стои“.

„Таа е среќна жена“ – стои во некои од коментарите.

Прочитајте и 2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно

Погледнете повеќе фотографии во галеријата:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg