Како изгледа совршеното утро според Ана Ивановиќ?
- Детали
- петок, 01 април 2016
Познатата тенисерка на својот Инстаграм профил ни покажува како по неа изгледа совршеното утро. Посебно внимание посветила на чиниите со здрави оброци.
По фотографиите кои ги објавила можеме да забележиме дека таа преферира овошен појадок и чаша цеден сок за добар почеток на денот. Малините и капините се нејзиниот избор.
Не е ни чудно, бидејќи добро знаеме дека шумското овошје е богато со антиоксиданси, витамин Ц, калиум и витамин Е.
Покрај здравиот оброк не може да остане незабележан и погледот кој го има, океан и прекрасен песок на плашите на Мајами.
Што повеќе би можеле да посакате за добро утро?
Ако добро ги погледнете останатите нејзини фотки на Инстаграм можете да забележите дека нејзините оброци во главно се составени од овошје.
Н. Г. | Црнобело