„Не даваме милиони за ’богохулно“ шоу – Швајцарците од Базел на референдум заради Евровизија 2025

„Евровизија е шоу кое сè повеќе е насочено кон идеолошки провокации, кои јасно се спротивставуваат на западните јудео-христијански вредности“ – велат конзервативците во Швајцарија која годинава е домаќин на шоуто. Нов скандал, на само 6 месеци пред „Евросонг 2025“.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-01_copy.jpg

По победата на Немо на Евровизија 2024, Швајцарија следната година треба да биде домаќин на спектаклот, но организацијата предизвика незадоволство кај Швајцарците кои не дозволуваат да се потрошат милиони за „богохулното“ музичко шоу, како што го нарекуваат.

Како што пренесуваат светските новински агенции, жителите на северниот швајцарски кантон Базел-Штад, не дозволуваат да се потрошат речиси 40 милиони долари за телевизиското шоу.

„Трошоците за Евровизија мора да се намалат“ – вели Еди Естерман, одговорен за односи за јавност на ултра конзервативните Швајцарци.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-02.jpg

Тие бараат наместо шоуто да трае 10-тина дена како што е вообичаено, со повеќе настани во Базел, идната година да имаме само еден голем телевизиски настан што ќе трае една вечер.

„На тој начин би се намалиле трошоците на градот и воопшто на Швајцарија“ – вели тој.

По победата на Немо, годинава, во Швајцарија градовите се натпреваруваа за тоа каде ќе се одржи шоуто следната година.

Базел победи во изборот, но сега дел од жителите на градот се спротивставуваат на огромните трошоци и средства што треба да се вложат.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-04.jpg

Минатиот месец, мала ултра-конзервативна демократска унија во Швајцарија (EDU) успеа да обезбеди доволно потписи за да се одржи референдум за тоа дали треба да се дозволи да се потрошат 34,96 милиони швајцарски франци (39,5 милиони долари) за шоуто.

Се верува дека овие пари нема да бидат залудно потрошени, затоа што Базел би добил прилив од околу 60 милиони долари од приливот на туристи коишто би дошле за Евровизија, но, очигледно финансискиот аспект е само изговор.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-05.jpg

Според конзервативците, тоа е непотребно трошење средства за шоу кое сè повеќе е насочено кон „идеолошки провокации, кои јасно се спротивставуваат на западните јудео-христијански вредности“.

Ним не им се допаѓаат богохулните настапи, како оној на Иркинката, Bambie Thug од минатата година кој наликуваше на „црна миса“, ниту пак тоа што шоуто масовно ги промовира правата на ЛГБТ заедницата.

ne-davame-milioni-za-bogohulno-shou-shvajcarcite-od-bazel-na-referendum-zaradi-evrovizija-2025-03.jpg

Референдумот ќе се одржи на 24-ти ноември, па допрва останува да се види како ќе се изјаснат граѓаните на Базел.

Ако на референдумот не бидат одобрени средствата за одржување на шоуто, најверојатно Евросонг ќе треба да биде преместен во друг град, но на организаторите им останува многу малку време и простор за маневрирање, затоа што финалето веќе е закажано на 17-ти мај.

За потсетување, Македонија трета година по ред се откажа од учеството на Евровизија.

Прочитајте и Се декларира како небинарен род, сестра му му го бира стајлингот – Кој е Немо, победникот на Евровизија 2024?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Платил над 30 милиони за да се разведе од сопругата за 65 секунди - Како Мистер Бин ги троши милиони... За него велат дека е човек кого разводот скапо го чинел. Разводот му траел само ...
Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 20...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м... Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
Деца на познати личности кои наследија милиони по смртта на родителите Децата на Мајкл Џексон добија по околу 100 милиони од огромното наследство што г...
Џеј Зи е најбогат - Кои 10 музичари се со најголема заработка во кариерата? Џон Кори Картер, најпознат како Џеј Зи, е најбогатиот музичар во светот, надмину...
Бијонсе купи имот за 200 милиони долари: Најскапите куќи на познатите личности Покрај другите бенефиции кои може да си ги дозволат, славните личности поседуваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg