Раскошната роденденска забава на Викторија Бекам – Танцува со колешките од Spice Girls, шампањ од 3.000 долари (фото)
- Детали
- недела, 21 април 2024
Викторија Бекам го прослави 50-тиот роденден со раскошна забава во Лондон на која присуствуваа некои од најпознатите луѓе во светот, како Том Круз, Ева Лонгорија, но и поранешните членки на Spice Girls.
На 17-ти април Викторија Бекам наполни 50 години, а синоќа (20.04) направи раскошна роденденска забава на која присуствуваа некои од најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот.
Покрај актери како Том Круз и Ева Лонгорија, на прославата имаше и обединување на членките на Spice Girl – групата што ја прослави Викторија Бекам.
Прославата со одржа во Лондон, а славеничката се појави со долг светлозелен фустан, а носеше и патерици поради повредената нога.
Ќерка ѝ Харпер изгледаше прекрасно во дол бел сатенски фустан, додека Дејвид и синовите носеа костуми.
Никола Пелц, сопругата на Бруклин Бекам, не присуствуваше бидејќи баба ѝ имала проблеми со здравјето.
Според Daily Mail, на забавата се служело омиленото вино на Викторија кое чини над 3.000 евра, како и шампањ кој чини повеќе од 500 евра за шише.
Дејвид, пак, одржал и говор, а според изворите на британските медиуми, никој не останал рамнодушен на неговите зборови.
На Инстаграм, Викторија сподели неколку семејни фотки направени пред прославата, со опис:
„Едвај чекам да прославам со моите пријатели и семејство. Сите ве сакам многу“.
Дејвид, пак, ги израдува фановите на Spice Girls и сподели забавно видео на кое членките заедно танцуваат на нивна стара песна.
Покрај поранешните колешки на Викторија, на забавата присуствувале стотина гости меѓу кои и Џејсон Стејтам со сопругата Роузи, готвачот Гордон Рамзи, режисерот Гај Ричи, пејачот Марк Ентони, Салма Хајек...
Според изворите, Викторија со недели се подготвувала за забавата и била пресреќна што на едно место ги собрала луѓето што ги сака најмногу.
Повеќе фотки од прославата:
Спирова С. | Црнобело