Бен Афлек за поранешната сопруга: „Можеби го глумам Бетмен, но Џенифер е вистинскиот суперхерој“
- Детали
- вторник, 22 март 2016
Долгоочекуваната њујоршка премиера на филмот „Batman v Supereman: Dawn of Justice“ се случи, а Бен Афлек кој е во улога на Бетмен откри една интересна работа за својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер.
Можеби се разведени, но тоа не значи дека тој не ја почитува, туку има само пофални зборови за неа.
Во едно интервју кое се одвива за време на премиерата тој изјавува:
„Џен е мајка суперхерој. Таа е одлична мајка и среќен сум што ја имам како партнер. Даваме сè од себе, ги ставаме децата на прво место...“.
Бен и Џенифер беа во брак цели 10 години, а се разведоа минатото лето. Имаат три деца, а како што објаснуваат, децата за нив се на прво место, пред нивниот однос.
Н. Г. | Црнобело