2-годишниот син на Оливија Вајлд е опседнат со Бијонсе (видео)
- Детали
- петок, 11 март 2016
Отис, 2-годишното синче на Оливија Вајлд веќе е најголемиот фан на Бијонсе до степен што е опседнат со неа.
Во најновото шоу на Елен, сепак откри дека таа е виновна за „запознавањето“ на Отис со Бијонсе.
„Знаете како повеќето мајки имаат детска програма на своите таблети, пример детски цртан или шоу кое е пристојно за возраста? Епа јас немав, а бевме во авион и ми требаше нешто што ќе му го одвлече вниманието инстантно.
Сè што имав беа спотовите на Бијонсе од најновиот албум. И му ги пуштив. Беше сконцентриран на еден спот посебно, оној најексплицитниот - Yonce. Додека го гледаше само велеше ооо да.“
Отис досега имал една блиска средба со Бијонсе, но не успеал да ја запознае затоа што седел на спротивната страна на трибините.