Ирина Шајк на модната писта, Бредли Купер во првите редови (фото)
- Детали
- понеделник, 07 март 2016
Постојано имаме можност да бидеме сведоци на нови шпекулации околу врската на Ирина Шајк и Бредли Купер - некои тврдеа дека раскинале поради неговата мајка, други дека Наоми Кемпбел е причина за нивното раскинување.
Но, парот уште еднаш успешно ги демантираше шпекулациите.
Бредли Купер присуствуваше на модното шоу на дизајнерската куќа Givenchy и од првите редови ја следеше Ирина која зачекори на модната писта.
Ова не е првпат по шпекулациите дека Бредли Купер излегува со Наоми Кемпбел да ја видиме двојката заедно.
Додека Ирина Шајк се подготвува за Модната недела во Париз, Бредли Купер како поддршка е заедно со неа во Париз каде секојдневно уживаат во попладневните прошетки:
Н. Г. | Црнобело