5 причини зошто сите го обожаваат ди Каприо, а кариерата не е една од нив
- Детали
- вторник, 01 март 2016
Сите имаа можност да се израдуваат за првиот освоен Оскар на Леонардо ди Каприо. Тој неговиот говор го искористи и за да нè потсети на климатските промени со кои се соочуваме денес, но неговата посветеност на истите не се сведува само на краток говор.
5 причини зошто да го сакате Лео, не само поради неговата кариера, очите или насмевката:
1. Се грижи за средината
Леонардо ди Каприо веќе со години се залага за промени на глобално ниво. Во 2014-та година тој бил дел од глобален протест, барајќи луѓето да се активираат за забавување на климатските промени.
По овој протест, тој стана претставник на Обединетите Нации. Има своја фондација која поддржува проекти како заштита на коралните гребени и за спречување на сечењето на прашумите.
2. Се грижи за домородното население
Со векови, домородците биле прелажувани, експлоатирани, па дури и убивани од експлоататорите и алчните влади кои се грижат само за профит. Неговите последни два говори ги употребил за да ја зголеми свесноста околу тоа што се случува со овие народи.
Неговата фондација се грижи и за нив, така тој досега донирал пари на проекти за заштита на земјата на амазонските народи, 1 милион долари во 2010-та година за жртвите на земјотресот кој се случи во Хаити...
3. Им помага на животните
Покрај тоа што се грижи за зачувување на средината, тој се грижи и за животните. Тој е посветен да им помогне на волците, ајкулите, слоновите, снежните леопарди, тигрите, носорозите, горилите, јагуарите и целиот подводен живот.
4. Не дава само пари
Леонардо ди Каприо не дава само пари туку и со својот начин на живеење се обидува да биде доследен на своите верувања. Моментално вози електричен автомобил Tesla и во 2015-та година купил остров на кој планира да изгради еколошки самоодржлив ресорт.
5. Преку филмот сака да го промени светот
Неодамна беше главниот продуцент на документарецот „Cowspiracy: The Sustainability Secret“, донирал пари за Cinema for Peace, која промовира мир и меѓусебно разбирање преку филмовите.
Н. Г. | Црнобело