Го запознала кога имала 19 години, а тој 42, има кралска титула – Кој е сопругот на наводната љубовница на принцот Вилијам?
- Детали
- сабота, 23 март 2024
Се запознале во 2003-та година кога таа имала само 19 години. Нивната свадба била скандалозна затоа што се венчале неколку дена по свршувачката, а долго време биле соседи на Кејт и Вилијам – Што знаеме за сопругот на наводната љубовница на принцот од Велс?
Додека трае медиумската драма околу здравствената состојба и „исчезнувањето“ на Кејт Мидлтон, се појавија и шпекулации дека принцезата се крие затоа што на повидок е развод од нејзиниот сопруг принцот Вилијам, кој наводно со години ја изневерувал со неговата љубовница Роуз Хенбери.
Иако Роуз јавно ги отфрли ваквите тврдења, на социјалните мрежи и во таблоидите не стивнуваат гласините и пишувањата за наводната љубовница на престолонаследникот во Велика Британија.
Според дел од британските медиуми, Роуз и Кејт се сложувале добро сѐ додека принцезата не дознала за нивната наводна афера, па побарала од сопругот да ја исклучи од друштвото.
Што знаеме за Роуз и нејзиниот сопруг? Каква е нивната врска?
Познато е дека Роуз е омажена за маркизот Дејвид Колмонделеј и носи титула маркиза. Тие двајца стапиле во брак во 2009-та година, кога нејзиниот сопруг имал 48 години и бил 23 години повозрасен од неа.
Нивната свадба била изненадување за многумина, затоа што Дејвид во тоа време важел за голем заводник, а се венчале само неколку дена по свршувачката и неколку месеци подоцна ги добиле синовите близнаци.
Во тој период се дознало дека Дејвид и Роуз се запознале уште во 2003-та година на патување во Италија, кога Роуз имала 19 години.
Дејвид, пред да ја наследи кралската титула од неговиот татко, бил филмски продуцент, кој работел под името Дејвид Роксавиџ.
Тој станал маркиз во 1990-та година, и бил дел од британската куќа на Лордови, сѐ до 2022-ра година, односно сѐ до смртта на кралицата Елизабета.
Во 2016-та година Роуз и Дејвид ја добиле ќерката Ирис Марина Алин.
Дејвид и Роуз низ годините биле блиски пријатели и први соседи на Кејт и Вилијам во Норфолк, и наводно доста се дружеле на приватен план.
Наводно Кејт дознала за аферата на Роуз и Вилијам дури во 2019-та година, но и покрај пишувањата за наводниот скандал, синот на маркизот Оливер заедно со принцот Џорџ имаше важна улога за време на крунисувањето на кралот Чарлс Трети.
Прочитајте и Фотошоп скандал, гласини за неверство – Наводната афера на принцот Вилијам сè уште е топ тема
Б. С. Б. | Црнобело