Адел и Ријана најпристојни, останатите ѕвезди во цветни одела и смешни фустани на Brit Awards 2016
- Детали
- четврток, 25 февруари 2016
Brit Awards беше поводот заради кој синоќа, во О2 арената во Лондон се собраа најголемите имиња од светот на музиката и шоу бизнисот.
Црвениот тепих го водеа Ријана и Адел, веројатно заради искуството на тема како треба да изгледа една ѕвезда, додека другите повеќе и помалку познати имиња - потфрлија.
Адел, која е видно ослабена блесна во фустан со карнери во боја на вино.
Ријана пак, беше зачудувачки едноставна, но елегантна во долг фустан со ситни карнери и боја на лаванда.
Кајли Миног се појави во црн корсет и здолниште од тул, Шерил Фернандез-Версини одбра жолт корсет фустан со подолг заден дел, а Лана Дел Реј изненади со лежерноста во бел цветен фустан.
Што се однесува до машкиот дел, некои се појавија елегантни во црни смокинзи, други во цветни одела, а трети пак во фармерки и кожни јакни.
Сè на се, владееше опуштена и по малку хаотична модна атмосфера на црвениот тепих на Brit Awards:
М. Д. | Црнобело