Ким Кардашијан ги засени сите, свадбата чини 250 милиони долари – Се ожени синот на најбогатиот Индиец (фото)
- Детали
- недела, 14 јули 2024
На прославата која трае цел викенд, Ким Кардашијан се појави во раскошни креации, а со неа беше сестра ѝ Клои која изгледаше исто добро. Меѓу присутните беа и други познати личности, како Пријанка Чопра и Ник Џонас, па и поранешниот британски премиер Борис Џонсон.
Викендов се одржува свадбата на Анант Амбани, синот на најбогатиот Индиец.
Прославата, за која милијардерот одвоил 250 милиони долари, започна вчера, а ќе трае и денес.
Во јавноста веќе неколку месеци се зборува за „свадбата на годината“, а младенците направија и неколку претсвадбени прослави на кои гостите ги забавуваа врвни музичари, како Ријана и Џастин Бибер.
Викендов поканети се бројни славни личности, вклучувајќи боливудски актери, но и ѕвезди како Ник Џонас, Џон Сина, па и поранешниот британски премиер Борис Џонсон.
Но, можеби најмногу се истакнаа Ким и Клои Кардашијан кои ги засенија сите гости.
За вчерашната прослава, Ким носеше долго црвено здолниште со црвен топ со реси. Аутфитот беше украсен со светкави детали, а целата комбинација беше дополнета со елегантен накит, вклучувајќи и украс на главата.
Сестра ѝ Клои, пак, носеше раскошно здолниште и топ со крем нијанса и впечатлив накит.
За денешната прослава, сестрите се појавија во уште повпечатливи креации.
Повторно носеа долго здолниште со топ, во комбинација со впечатлив накит.
Ким имаше и пирс на носот со синџирче.
Прочитајте и: Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот пар кој ќе прави луксузна свадба
Повеќе фотки од свадбата во продолжение:
Спирова С. | Црнобело