Тејлор Свифт го замолче Канје Вест со говорот на Греми наградите (видео)
- Детали
- вторник, 16 февруари 2016
Се чини дека Тејлор Свифт го чекаше моментот кога ќе може да го возврати ударот на Канје Вест - тој со стихови посветени на неа, таа со грандиозен говор на 58-то издание на Греми наградите.
26-годишната пејачка потенцираше дека таа е единствената жена која вторпат по ред ја освојува наградата за Најдобар албум на годината.
„Како прва жена која ја освојува наградата „Најдобар албум на годината“ двапати, сакам да им се обратам на сите млади девојки, ќе постојат луѓе кои ќе сакаат да влијаат на вашиот успех или да тврдат дека се одговорни за вашата слава“ - изјави Тејлор.
Повеќе од очигледно е дека нејзиниот говор беше посветен токму на Канје Вест.
„Но, ако се фокусирате на вашата работа и не дозволувате тие луѓе да влијаат на вас, еден ден ќе се свртите наоколу и ќе сфатите дека самите вие и луѓето кои ве сакаат се одговорни за вашиот успех. Тоа е најдоброто чувство на светот. Ви благодарам на сите за овој момент“ - заклучува младата пејачка.
Покрај нејзиниот говор, Тејлор беше и вистинска ѕвезда на вечерта - имаше можност да ги покаже своите неверојатни таленти на отворањето на Греми наградите. За време на нејзиниот настап се појави во светкав едноделен комбинезон и ги воодушеви сите:
Clip of Taylor performing Out Of The Woods! #GRAMMYs pic.twitter.com/uXS6hEymkY
— Taylor Swift Updates (@TSwiftOnTour) February 16, 2016
Н. Г. | Црнобело