Новите стихови на Канје Вест посветени на Тејлор Свифт предизвикаа бура на социјалните мрежи
- Детали
- петок, 12 февруари 2016
Во новиот албум „The Life of Pablo“, една од песните на Канје Вест може да се каже дека е посветена на Тејлор Свифт. Барем еден дел од самите стихови.
Познатиот рапер во песната „Famous“ пее: „Се чувствувам како сè уште да имам секс со Тејлор Свифт, јас ја направив таа кучка позната“.
Here's that Kanye/Taylor line pic.twitter.com/n13hoWQPlZ
— Marcus Gilmer (@marcusgilmer) February 11, 2016
Канје Вест тврди дека тој е одговорен за успехот на Свифт, но се чини дека социјалните мрежи не се согласуваат со него...
Реакциите на овие стихови се негативни, а поголемиот дел од луѓето кои ја слушнале се шокирани од истите:
KANYE SAYING HE MADE TAYLOR SWIFT FAMOUS LOOOOOOOOL SOMEONE SIT THIS MAN DOWN
-->— lay (@sbaetianstan) February 11, 2016
Дури и братот на Тејлор реагирал бурно - патиките дизајнирани од Канје ги фрлил во канта за отпадоци.
Н. Г. | Црнобело