Светски и регионални ѕвезди кои се заколнаа на вечна љубов на Валентајн
- Детали
- вторник, 13 февруари 2024
Според некое непишано правило, паровите веруваат дека доколку стапат во брак на Денот на вљубените, љубовта ќе биде вечна и ќе имаат хармоничен брак. Но, овој ден не им носи среќа на сите парови.
Покрај тоа што на 14-ти февруари се прославува Денот на вљубените, бројот 14 има важно значење и во нумерологијата. Според некои, бројот симболизира благодарност, но и голема среќа.
Па, 14-ти не е само ден на љубовта, туку и ден кој носи среќа.
Неколку познати парови, водејќи се по ова непишано правило, стапија во брак токму на 14-февруари, но иако некои од нив се заедно и после долги години, дел од нив немаа среќен и идиличен брак, па љубовта заврши побрзо отколку што очекуваа.
Кои светски и регионални ѕвезди се венчаа на 14-ти февруари?
Денот на кој се слави љубовта им донесе среќа на британскиот актер Бенедикт Камбербач и режисерката и актерка Софи Хантер.
Парот се венча на 14 февруари 2015 година и направија интимна церемонија на британски остров. Тие имаат тројца синови - Кристофер, Хал и Фин.
Холивудската актерка Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино на 14 февруари 2009 година се венчаа во Париз.
„Мислам дека никому не сум ја кажала оваа приказна претходно. Едноставно ме одведе во градското собрание, каде ме чекаа моите родители и брат ми.
Во тој момент имав фобија од бракот. Тоа беше еден вид интервенција“, изјави Салма за брзата венчавка.
Жељко Јоксимовиќ и сопругата Јована не се венчаа на 14-ти февруари, но пејачот ја побара раката на саканата токму на Денот на вљубените, додека биле на романтична вечера.
Тие се во среќен брак, а заедно ги имаат синот Коста и близначките Срна и Ана.
За фолкерот Слоба Радановиќ 14 февруари има посебно значење.
Тој пред две години ѝ го кажа судбоносното „да“ на својата избраничка Јелена Ѓуричанин.
Доказ дека филмското запросување не значи и долг и среќен брак се холивудските актерки Мег Рајан и Денис Квејд.
Парот се венча на Денот на вљубените, а во една пригода открија дека едвај нашле матичар кој сакал да дојде вечерта и да ги венча.
Тие се разделија по помалку од девет години брак, наводно поради аферата на Мег со Расел Кроу.
Шерон Стоун и Фил Бронштајн исто така се венчаа на Денот на вљубените во 1998 година, а невестата блесна во розова венчаница на Вера Ванг.
Шерон Стоун била убедена дека тоа е она вистинското и дека ќе остарат заедно, но сепак тие се разведоа во 2004 година.
За венчавката на Адријана Лима и српскиот кошаркар Марко Јариќ се пишуваше со денови.
Тие беа еден од омилените парови во регионот, а се венчаа на Денот на вљубените во 2009 година.
За жал, се разведоа по пет години брак, а заедно ги имаат ќерките Сиена и Валентина.
В. К. | Црнобело