Тејлор Свифт со краток боб, Адел ослабена, Џастин Бибер со помалиот брат на црвениот тепих на Греми 2016
- Детали
- вторник, 16 февруари 2016
Ноќеска се случи најважниот музички настан, па големите имиња од музичката индустрија гламурозно пристигнуваа во Лос Анџелес, Стејплс центарот за 58-то издание на Греми наградите.
Добро познато ни е дека Греми наградите се одликуваат со необичност и најголем одраз на креативноста на пејачите, па и оваа година не е нешто поразлична.
Ова се однесува дури и на стилот на облекување - колку понеобично, толку подобро.
Сите очи најпрво беа вперени во Тејлор Свифт и Селена Гомез кои пристигнаа заедно и покажаа доволно кожа во своите креации.
Додека Тејлор позираше во розово здолниште на Versace, Селена носеше сирена фустан со длабоко деколте и засеци од Calvin Klein.
Ели Голдинг во Stella McCartney, Кејли Куоко во дизајн на Naeem Khan...
Ова се најдобро облечените ѕвезди на овогодинешните Греми награди:
Н. Г. | Црнобело