Зошто ќерката на Бен Афлек и Џенифер Гарнер постојано носи заштитна маска на лицето?
- Детали
- недела, 14 јули 2024
Некои веруваат дека е хипохондрик, некои дека има некаков проблем со здравјето, а други се сигурни дека само сака да си го скрие лицето за да не ја препознаваат. Зошто Вајолет Афлек речиси секогаш носи заштитна маска?
Ако следите новости од шоу-бизнисот, сигурно сте забележале дека на повеќето папарацо фотки, ќерката на Бен Афлек и Џенифер Гарнер – Вајолет – речиси постојано носи заштитна маска на лицето.
Неодамна, таа држеше и говор пред локалните власти во Лос Анџелес каде што излезе со барање за задолжително носење заштитни маски во одредени установи, како болници.
Во говорот, Вајолет првпат откри зошто самата многу често носи маска.
Изминативе година-две, откако пандемијата стивна и маските повеќе не беа задолжителни, почнаа да се јавуваат разни гласини за Вајолет.
Некои мислеа дека носи маска бидејќи можеби има проблем со здравјето, додека други велеа дека е хипохондрик.
Но, Вајолет откри дека имала поствирално заболување.
Поствиралното заболување се однесува на состојба каде што личноста чувствува симптоми како замор и слабост и по закрепнувањето од инфекција од вирус.
„Имав поствирално заболување во 2019 година. Сега сум во ред, но од прва рака видов дека медицината не секогаш може да ги третира последиците од дури и мали вируси“, го почна својот говор 18-годишната Вајолет.
Таа истакнува и дека ова станало уште поизразено за време на пандемијата.
„Една од 10 инфекции води до долг ковид, што е страшна невролошка и кардиоваскуларна болест која ја намалува способноста за работа, гледање, движење, па дури и размислување“, изјави Вајолет.
Во говорот, таа побара заштитните маски да бидат достапни во сите установи како училишта и затвори, а да бидат задолжителни во здравствени установи, со цел да се заштитат ранливите групи луѓе.
Многумина ја поздравија одлуката на Вајолет што се залага за своите верувања и ставови, особено кога ќе се земе предвид дека има само 18 години.
А, извори блиски до нејзините родители велат дека Бен и Џенифер целосно ја поддржуваат.
Имено, Вајолет сакал да зборува за ова уште од 2019-та, кога имала поствирално заболување.
„Одамна сака да го направи ова, но родителите ѝ рекоа да почека додека да наполни 18 години.
Тие ја поддржуваат и требаше да фатат врски за да добие можност да го изнесе барањето, но горди се на неа“.
Изворот додава и дека на Вајолет ѝ било „преку глава“ од шпекулациите за тоа зошто носи маска:
„Вајолет постојано мора да објаснува зошто носи маска и поради ова треба постојано да зборува за нејзините проблеми со здравјето.
Ја нарекуваат хипохондрик, параноична и што уште не, само затоа што сака да си го заштити здравјето. И, ова ја измачува со години.
Имаше и смешни гласини дека си го покрива лицето за да не зборува со луѓе кои ќе ја препознаат бидејќи личи на мајка ѝ.
Со говорот, таа имаше можност да застане зад нешто во коешто верува, но и да ги прекине шпекулациите“.
Спирова С. | Црнобело