Каде е левата рака на Викторија Бекам?
- Детали
- петок, 12 февруари 2016
Пред извесен период се запрашавме: Зошто Викторија Бекам на фотографиите никогаш не ја покажува десната рака? Овојпат имаме нова загатка: Каде ѝ е левата рака?
Светот на мода е чудно место - кој би рекол дека носењето на облека која не твој број, која е далеку поголема, ќе стане епитом на добриот стил?
Викторија Бекам е посебен фан на широката облека, посебно на долгите ракави кои ги препокриваат нејзините раце.
Носењето на ваков тип облека денес покажува дека сакате секојдневен стил на облекување, но покрај тоа, широката облека потенцира уште една работа - колку сте слаби.
Токму така, носењето на облека која е преголема за вашата фигура прави да изгледате послаби. Секако ова важи за помалите девојки кои се пониски и слаби - баш како Викторија Бекам.
Ако носите широка облека, тоа значи дека и ракавите најчесто ќе бидат преголеми за вашата градба, па токму затоа речиси никогаш не можеме да ја видиме левата рака на Бекам.
Н. Г. | Црнобело