Марго Роби во ретро аутфит, Бредли Купер и Леонардо ди Каприо со колешките: Ѕвездите на Gotham Awards 2023
- Детали
- вторник, 28 ноември 2023
Пенелопе Круз се појави закопчана до врат во бел фустан од тантела, а меѓу најпровокативните беа Рејчел Мекадамс и Мишел Вилијамс. Црвениот тепих на Gotham Awards 2023, потсетуваше на стариот холивудски гламур, без скандалозни и смели изданија.
Врвните актерски имиња синоќа се собраа на доделувањето на наградите Gotham Awards 2023 во Њујорк. На настанот се појавија речиси сите позначајни имиња во Холивуд, а на црвениот тепих продефилираа во гламурозни, но не толку скандалозни и смели изданија.
Најголемо внимание кај присутните привлече актерката Марго Роби која се појави во ретро аутфит со црн сатенски фустан и проѕирна наметка, а целиот изглед го комплетира со златна чанта-плико.
Леонардо ди Кaприо и Бредли Купер на настанот дојдоа сами, а се фотографираа со нивните колешки. Леонардо на црвениот тепих позираше со колешката Лили Гладстон, со кого заедно играат во филмот Killers of the Flower Moon.
Бредли Купер беше „уловен“ како се смее со колешката Кери Малиган.
Погледнете повеќе фотографии од настанот во продолжение:
Прочитајте и Живееле како цимери, а таа била тајно вљубена во него – Кој е сопругот на Марго Роби, со кого заедно го снимија „Барби“?
Б. С. Б. | Црнобело