Шоуто на Канје Вест: Наоми Кемпбел на пистата, Ким повторно русокоса, Норт во минијатурна бунда (фото)
- Детали
- петок, 12 февруари 2016
Третата сезона од модното шоу Yeezy на Канје Вест, ги собра сите врвни имиња во шоу бизнисот на едно место - Madison Square Garden во Њујорк.
Во третата колекција Канје се задржи до неутралните бои како и претходно, додавајќи минимална колоритност.
Шоуто за момент го украде прекрасната Наоми Кемпбел, која на пистата се појави во црн комбинезон и долга бунда.
Во првите редови во публика, сосема очекувано, беше семејството Кардашијан. Тајга и Кајли - неразделни, исто како и Клое и Ламар.
Изненадување на вечерта беше повторно русокосата Ким, облечена во кристали, боди со длабоко деколте и бела бунда. Норт Вест си „одговараше“ со мама, облечена во минијатурна бунда.
Мал дел од атмосферата низ фотки:
М. Д. | Црнобело