Сем Ашгари: „По разводот со Бритни ослабев 20 килограми, не сакам ни да помислам на нови врски“

„Сега имам повеќе време да се фокусирам на себе“ – поранешниот сопруг на Бритни Спирс тврди дека по разводот е посреќен од кога било, а тоа се гледа и на него. Во моментов има тело на кое може да му завидат многумина, а вели дека не му е цел да ѝ покаже на Бритни што изгубила.

sem-ashgari-po-razvodot-so-britni-oslabev-20-kilogrami-ne-sakam-nitu-da-pomislam-na-novi-vrski-01.jpg

Третиот сопруг на Бритни Спирс, Сем Ашгари, откри дека поминал низ целосна трансформација по разводот, па дека во последните пет месеци успеал да ослаби 20-тина килограми. Поранешниот фитнес тренер вели дека во месеците по разделбата со Бритни целосно се посветил на сопствената трансформација.

„Во последните пет месеци имав фитнес трансформација во која загубив од 15 до 20 килограми. Понекогаш, кога си во ситуација во којашто не си фокусиран на себе, тешко е да забележиш дека телото ти се менува, но сите други забележуваат“ – вели тој за Page Six.

sem-ashgari-po-razvodot-so-britni-oslabev-20-kilogrami-ne-sakam-nitu-da-pomislam-na-novi-vrski-02.jpg

Сем во август годинава поднесе документи за развод со Бритни Спирс, па вели дека поминал низ фаза на духовна и енергетска промена во животот.

„Сега имам повеќе време да се фокусирам на себе. Тоа што сум сам е навистина добра можност да се фокусирам само на себе“ – појаснува тој.

sem-ashgari-po-razvodot-so-britni-oslabev-20-kilogrami-ne-sakam-nitu-da-pomislam-na-novi-vrski-03.jpg

Како што вели, целта не му била да ѝ покаже на Бритни што загубила, туку самиот да се цени повеќе.

Тој вели дека по разводот со Бритни воопшто не размислува за нови врски и дека нема намера во моментов да почне да бара нова партнерка.

Според гласините, главна причина за разводот на Бритни се неверства и малтретирање, а Сем и Бритни поминаа низ тежок процес за борба за старателство над кучињата, заради што пејачката успеа да задржи четири од кученцата, а на Сем му припадна кучето доберман, Порша.

sem-ashgari-po-razvodot-so-britni-oslabev-20-kilogrami-ne-sakam-nitu-da-pomislam-na-novi-vrski-04.jpg

Наводно Сем, бил жртва на семејство насилство, и се ширеа гласини дека Бритни го тепала и го изневерувала, а очигледно, тој се чувствува многу подобро откако се разведе од неа.

Прочитајте и Ослабе 50kg, си ги среди забите, стана фитнес инструктор со извајано тело – Колку се трансформираше Сем Ашгари откако ја запозна Бритни Спирс?

Погледнете повеќе фотки од Сем во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џени Гарт за „борбата“ со менопаузата: „Телото ме издава, страдам физички и ментално“ На Кели од „Беверли Хилс“ на 45 години ѝ беше дијагностициран остеоартритис...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Сигурно Џесика се срами што ти е сопруга“: Џастин Тимберлејк мета на критики откако се дозна дека ј... „Навистина е лудо како луѓето можат да повредат некого и да продолжат со животот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg