Бритни Спирс и сопругот се разделија - Сем поднел барање за развод, ја уценувал за пари со засрамувачки информации за неа
- Детали
- четврток, 17 август 2023
Сем Ашгари поднел барање за развод од Бритни Спирс, по жестока караница бидејќи се сомневал дека пејачката го изневерува. Според некои извори, сега Сем пробува да изнуди повеќе пари од она што му следува според предбрачниот договор и се заканувал дека ќе објави засрамувачки информации за Бритни.
По бројните негирања на гласините дека ќе се разделуваат, на бракот на Бритни Спирс и Сем Ашгари сепак му се ближи крајот.
Според информациите на TMZ, Сем поднел барање за развод во средата (16.08), а како причина навел „ненадминливи разлики помеѓу нив“.
Исто така, во барањето Сем навел дека со Бритни се разделиле на 28-ми јули.
Бритни се нема огласено за разделбата, но откако веста допре до јавноста, сподели бизарна објава на Инстаграм во која вели дека наскоро ќе си купи коњ.
На фотката, пејачката јава коњ на плажа.
41-годишната Бритни и 29-годишниот Сем беа во брак само 14 месеци, а имаат направено и предбрачен договор.
Но, според изворите на Page Six, сега Сем бара промени во договорот. Во спротивно, се заканувал дека ќе откриеа засрамувачки информации за неа кои ќе ѝ ја уништат репутацијата.
Со други зборови, Сем ја уценувал за повеќе пари од разводот.
„Ашгари се обидува да преговара и се заканува дека ќе објави многу засрамувачки информации за Бритни ако таа не му плати. Па, се фокусира на тоа“, тврди изворот.
Но, друг извор за Daily Mail вели дека ова е апсурдно и дека адвокатот на Бритни нема да дозволи таа да биде уценувана.
Бритни ја најмила познатата адвокатка за разводи – Лора Васер – која има клиенти како Ким Кардашијан, Кевин Костнер и Џони Деп.
Поради ова, некои извори тврдат дека на крајот, Бритни само ќе му напише чек на Сем и ќе се разделат без судска битка.
Засега не е познато колку пари би добил Сем од разводот, но наводно нема да добие ништо од она што го заработила Бритни пред венчавката. Пејачката има богатство од околу 60 милиони долари, а плаќа и висока алиментација за двете деца.
Daily Mail откри дека Бритни и Сем се разделиле по огромна расправија, по што тој се иселил и сега живеел сам.
Караницата почнала поради гласини за неверство од страна на Бритни во кои тој верувал. Засега не е познато дали Бритни навистина го изневерила Сем.
За потсетување, Бритни и Сем се венчаа во јуни 2022-ра, а се во врска од 2016-та. Планираа да имаат деца и Бритни остана бремена минатото лето, но имаше спонтан абортус.
Спирова С. | Црнобело