Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе добие Сем Ашгари од разводот со Бритни?

Богатството на Бритни Спирс „тежи“ околу 60 милиони долари, а нејзиниот прв сопруг веќе 16 години живее од алиментацијата што таа месечно му ја исплаќа за нивните синови Престон и Џејден. Колку пари ќе заработи нејзиниот втор сопруг, откако успеа само 14 месеци да остане во брак со пејачката?

prviot-soprug-15-godini-zhivee-na-nejzina-smetka-no-so-vtoriot-ja-nauchi-lekcijata-kolku-pari-kje-dobie-sem-ashgari-od-razvodot-so-britni-01.jpg

Неодамна во сите таблоиди осамна веста дека пејчакта Бритни Спирс се разведува од својот втор сопруг Сем Ашгари, по само една година брак. Додека низ дел од медиумите се шпекулира дека Сем соработувал со татко ѝ на Бритни, други пак се прашуваат колку пари тој ќе земе од пејачката која на својата сметка има милиони?

Првиот развод на Бритни Спирс помина неславно. Поголемиот дел од луѓето се сеќаваат на нејзиниот нервен слом кога си ја избричи главата, а со бившиот сопруг Кевин Федерлајн се разведе спогодбено и му исплати сума од 1,3 милиони долари.

prviot-soprug-15-godini-zhivee-na-nejzina-smetka-no-so-vtoriot-ja-nauchi-lekcijata-kolku-pari-kje-dobie-sem-ashgari-od-razvodot-so-britni-07.jpg

Според предбрачниот договор што го потпишале, Кевин требало да добие по 250.000 долари за секоја година од бракот што траеше од 2004-та до 2007-ма година, но Бритни самата ја зголемила сумата за околу 500.000 долари за побрзо да се заврши процедурата.

Тој доби половина од нејзината палата во Малибу, која во тој период се продаваше по цена од 13,5 милиони долари.

prviot-soprug-15-godini-zhivee-na-nejzina-smetka-no-so-vtoriot-ja-nauchi-lekcijata-kolku-pari-kje-dobie-sem-ashgari-od-razvodot-so-britni-09.jpg

За време на првиот развод Бритни и Кевин добија заедничко старателство над синовите Џејден и Престон, но, во 2007-ма година таа го загуби старателството, од причини што никогаш не беа изнесени во јавност.

Откако го доби старателството Кевин Федерлајн секој месец добива алиментација за синовите, која со текот на годините се зголемуваше.

Првично, тој добиваше по 20.000 долари месечно, а потоа бараше тој износ да биде зголемен на 60.000.

prviot-soprug-15-godini-zhivee-na-nejzina-smetka-no-so-vtoriot-ja-nauchi-lekcijata-kolku-pari-kje-dobie-sem-ashgari-od-razvodot-so-britni-12_copy.jpg

Уште една клаузула што му беше наметната е дека не смее да напише книга во која ќе ги открие деталите за животот со Бритни.

Речиси 16 години по разводот, богатството на Кевин Федерлајн се проценува дека е 1,5 милиони долари.

Тој се обиде да изгради кариера како ди-џеј и актер, но безуспешно, заради што многумина коментираат дека тој и неговото семејство со години наназад живеат од алиментацијата што секој месец ја добива за синовите.

prviot-soprug-15-godini-zhivee-na-nejzina-smetka-no-so-vtoriot-ja-nauchi-lekcijata-kolku-pari-kje-dobie-sem-ashgari-od-razvodot-so-britni-05.jpg

Пред извесен период Кевин со втората сопруга и синовите си замина во Хаваи, каде законски, Бритни ќе треба да му плаќа алиментација сè додека децата одат во училиште.

Според многумина, Кевин го презел овој чекор за да си „купи“ уште неколку години во кои ќе може да живее на сметка на неговата поранешна сопруга.

prviot-soprug-15-godini-zhivee-na-nejzina-smetka-no-so-vtoriot-ja-nauchi-lekcijata-kolku-pari-kje-dobie-sem-ashgari-od-razvodot-so-britni-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg