Првиот сопруг 16 години живее на нејзина сметка, но со вториот ја научи лекцијата - Колку пари ќе добие Сем Ашгари од разводот со Бритни?
Со Сем Ашгари, пак, Бритни стапи во брак минатата година, откако успеа да се ослободи од легалното старателство од нејзиниот татко. Набрзо по склопувањето на бракот таа објави дека е бремена, за потоа да ја информира јавноста дека го загубила бебето.
Објавија дека се разведуваат во август годинава, по само 14 месеци брак.
Но, како што пишуваат светските медиуми, Бритни овојпат добро ја научила лекцијата, па пред да стапи во брак, нејзиниот тим адвокати креирал неоспорлив предбрачен договор, со кој ќе го заштити нејзиното богатство „тешко“ 60 милиони долари.
Според договорот, Сем нема да добие ниту цент од парите што пејачката ги заработила пред да стапи во брак со него.
Исто така, за разлика од претходно кога требало да одвои пари за секоја година од бракот, во договорот со Сем стои дека тој може да добие по еден милион долари за секои две години брак, притоа, максимумот што може да го добие е 10 милиони долари за 16 години.
Сем нема право ниту на дел од нејзиниот имот, а дури иако се обиде да го оспори договорот по судска постапка, шансите дека ќе добие некакво богатство се многу мали.
За разлика од нејзиниот прв сопруг, Сем има свој добро разработен бизнис кој му носи солидни приходи и се проценува дека неговото богатство во моментов изнесува околу 5 милиони долари, кои ги заработил како актер, но и како фитнес тренер.
Тој има околу 3 милиони следбеници на Инстаграм, а неговата листа на клиенти останува во најголема тајност.
Б. С. Б. | Црнобело