Ѝ ги потроши милионите, а бара начин уште да живее на нејзина сметка - Како Кевин Федерлајн е зависен од Бритни Спирс?

„Се плашам дека е зависничка од метамфетамин и ќе заврши како Ејми Вајнхаус“ – поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн скандалозното однесување на пејачката го припишува не нејзиното прекумерно користење опојни супстанции. „По сѐ што направив за вас...“ – им одговори Бритни.

gi-potroshi-milionite-od-nea-pa-bara-nachin-taa-da-prodolzhi-da-go-izdrzhuva-kevin-federlajn-veli-deka-britni-e-zavisnichka-01_copy.jpg

Додека многумина се надеваа дека крајот на легалното старателство ќе ѝ донесе нов и посреќен живот на Бритни Спирс (41), според нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, тоа не се случило.

gi-potroshi-milionite-od-nea-pa-bara-nachin-taa-da-prodolzhi-da-go-izdrzhuva-kevin-federlajn-veli-deka-britni-e-zavisnichka-02.jpg

Напротив, пејачката повторно се вратила на користењето опојни супстанции, а тој вели дека стравува за нејзиниот живот и смета дека таа ќе заврши како Ејми Вајнхаус.

„Се плашам дека користи метамфетамин. Се молев некој јавно да прозбори за тоа и дека таа ќе се разбуди. Навистина се плашам, таа е мајка на моите деца.

Секојпат кога ќе заѕвони телефонот се плашам дека ќе добијам ужасни вести. Не сакам едно утро децата да се разбудат и да дознаат дека мајка им починала од прекумерно користење опојни супстанции“ – вели Кевин Федерлајн.

gi-potroshi-milionite-od-nea-pa-bara-nachin-taa-da-prodolzhi-da-go-izdrzhuva-kevin-federlajn-veli-deka-britni-e-zavisnichka-04_copy.jpg

Татко ѝ на Бритни, Џејми целосно се повлече од нејзиниот живот, но според него разликата во однесувањето на Бритни е очигледна и нејзината состојба се влошува, а нејзиниот син Престон додава:

„Само сакаме да не слушне пред да биде предоцна за неа.“

gi-potroshi-milionite-od-nea-pa-bara-nachin-taa-da-prodolzhi-da-go-izdrzhuva-kevin-federlajn-veli-deka-britni-e-zavisnichka-06.jpg

По изјавата на Кевин, Бритни се огласи на нејзиниот Инстаграм профил и рече дека нејзиниот поранешен сопруг и синовите изнесуваат невистини за неа:

„Фактот дека луѓето изнесуваат информации што не се точни е навистина тажно... Можеби и тие не ги кажуваат овие работи, затоа што според мене нема никаква логика тие да кажат нешто такво. Престон вели дека ‘треба да слушам пред да биде предоцна...’

Се сеќаваш ли дека секојпат кога ќе дојдеше кај мене, ти одеше во твојата соба и ја заклучуваше вратата??? Никогаш не ве гледав... Џејден свиреше на пијано и заедно правевме музика... Но, оној ден кога му реков дека сакам да ве гледам повеќе, веќе никогаш не ве видов.

Тажна сум затоа што направив сѐ за вам да ви биде добро и никогаш не бев доволно добра. Па, потоа ми зборувате зад грб. Ми го скршивте срцето и тоа што го читам за мене е толку ниско... Се надевам дека само весниците шират невистини, а не Кевин или Престон...“ – напиша Бритни.

За потсетување, по завршувањето на легалното старателство Бритни ги прекина односите со речиси сите членови на нејзиното семејство, но редовно плаќа алиментација за нејзините два сина.

Кевин Федерлајн секој месец добива околу 40.000 долари алиментација од Бритни и оттука е јасно дека пејачката е во право кога тврди дека таа со години го финансира луксузниот живот на луѓето околу неа.

gi-potroshi-milionite-od-nea-pa-bara-nachin-taa-da-prodolzhi-da-go-izdrzhuva-kevin-federlajn-veli-deka-britni-e-zavisnichka-05.jpg

Но, со оглед на тоа што Престон веќе има 17 години, а Џејден 16, истекува времето во кое Федерлајн ќе може законски да добива пари од својата поранешна сопруга, па затоа има план, како да „купи“ уште неколку години.

Неодамна, Кевин откри дека во август планира да се пресели со семејството на Хаваи, а според Daily Mail оваа одлука, нејзиниот поранешен сопруг ја носи со посебна цел.

Имено, на Хаваи постои законска обврска според која родителите мора финансиски да ги издржуваат своите деца додека студираат колеџ, односно до 23 години.

gi-potroshi-milionite-od-nea-pa-bara-nachin-taa-da-prodolzhi-da-go-izdrzhuva-kevin-federlajn-veli-deka-britni-e-zavisnichka-03.jpg

Според Бритни, ова е обид на нејзиниот поранешен сопруг да обезбеди уште неколку години во кои ќе може да живее на нејзина сметка, а таа да го поддржува неговиот луксузен начин на живот.

Според пресметките, низ годините Кевин досега добил повеќе милиони од Бритни како алиментација, а дополнително од разводот доби 1,3 милиони долари, а благодарение на славата што ја стекна како сопруг на Бритни се смета дека успеал да заработи околу 6 милиони долари.

Сега се знае дека тој добил тужба затоа што со години наназад не ја плаќал школарината за синовите и се надева дека со преселбата на Хаваи ќе успее да добие уште неколку безгрижни години.

Прочитајте и Бритни Спирс со него доживеа нервен слом, сега е во среќен брак и има 6 деца – Што прави денес бившиот сопруг на Бритни?

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg