Оскари: Нема веќе солзи и поздрави до учителката од основно
- Детали
- среда, 10 февруари 2016
На сите нас добро познати ни се долгите листи на благодарност кои се најдосадниот дел од говорот на секој актер кој освоил Оскар, но од овогодинешните доделувања на наградите тие ќе станат минато.
Ливчето со листа на членовите од семејството, партнерите, луѓето кои учествувале во снимањето на филмот на кои актерите им се благодарни затоа што биле дел од нивното патешествие, наместо да бидат читани, ќе бидат објавени на големиот екран кој се наоѓа позади нив.
„Сите ние знаеме дека секој актер има долга листа на луѓе на кои треба да им се заблагодари, а понекогаш на таа листа се забораваат режисерите или сопружниците на победниците, или нивните миленици...“ - објаснува продуцентот Дејвид Хил.
„Сега листот ќе биде прикажан на екран, како траен документ кој може да си го чува и семејството на актерот“ - додава тој.
На овој начин, актерите, за време на 45-те секунди кои ги имаат на располагање, ќе имаат можност повеќе да се концентрираат на своите анегдоти.
Н. Г. | Црнобело