Микеле Мороне искрено за пороците: „Мислев дека ќе ме обвинуваат затоа што ги напуштив синовите, 6 месеци пиев без престан“

„Во 2018-та година се разведов од сопругата и потоа 6 месеци бев пијан секој ден, сѐ додека речиси не завршив во кома предизвикана од алкохол“ – убавиот актер Микеле Мороне раскажува како одлучил да се разведе од сопругата со која има две деца и одлучил наместо на семејството, да се посвети на кариерата.

mikele-morone-iskreno-za-porocite-mislev-deka-site-kje-me-obvinuvaat-zatoa-shto-gi-napushtiv-sinovite-6-meseci-piev-bez-prestan-01.jpg

Со убавиот италијански актер Микеле Мороне светската публика имаше можност да се запознае благодарение на неговата улога во филмот „365 Days“.

Тој е во врска со 12 години помладата Моара Сорио (20), а неодамна даде ексклузивно интервју каде зборуваше за љубовната приказна со неговата прва сопруга, но и за борбата со зависностите во периодот по разводот.

mikele-morone-iskreno-za-porocite-mislev-deka-site-kje-me-obvinuvaat-zatoa-shto-gi-napushtiv-sinovite-6-meseci-piev-bez-prestan-02.jpg

Актерот кој неодамна наполни 33 години вели дека долго време имал само една цел: „Да сними филм во Холивуд“ и успеа да постигне успех и целиот свет да дознае за него благодарение на филмската адаптација на книгата „365 Days“.

 „Ако некој дојде и ме праша што е она што ти треба за да успееш во Холивуд и да направиш филм, секогаш ќе му одговорам вака: ‘Јас лично никогаш немав план Б. Или ќе биде или нема да биде.

За мене не постоеше начин да не стигнам до Холивуд да направам филм. Јас сум зависник од животот, и од мојата страст’“ – вели тој.

mikele-morone-iskreno-za-porocite-mislev-deka-site-kje-me-obvinuvaat-zatoa-shto-gi-napushtiv-sinovite-6-meseci-piev-bez-prestan-11.jpg

Но, она што на сите им остави впечаток е тоа што актерот за првпат отворено зборуваше за бракот со првата сопруга и за тоа како прераното стапување во брак се одразило врз неговиот живот.

Како што раскажува, пред да стаса до светска слава, тој го допрел дното.

mikele-morone-iskreno-za-porocite-mislev-deka-site-kje-me-obvinuvaat-zatoa-shto-gi-napushtiv-sinovite-6-meseci-piev-bez-prestan-12.jpg

За нивниот брак не се знаеше премногу, а овојпат актерот откри повеќе детали за тоа како ја запознал сопругата, но и зошто одлучил да се разведе.

Микеле ја запознал Руба во Милано, која била дојдена како турист и набрзо потоа се венчале. Тој раскажува дека се сретнале случајно на Piаzza Duomo, по што тој одлучил да оди и да ја посети во нејзиниот роден Либан, а се венчале само неколку дена подоцна.

mikele-morone-iskreno-za-porocite-mislev-deka-site-kje-me-obvinuvaat-zatoa-shto-gi-napushtiv-sinovite-6-meseci-piev-bez-prestan-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Славни личности кои поминаа со лесни казни за големи прекршоци Мел Гибсон ја удрил бившата девојка толку силно, што ѝ ги скршил забите, додека ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg