Микеле Мороне искрено за пороците: „Мислев дека ќе ме обвинуваат затоа што ги напуштив синовите, 6 месеци пиев без престан“
Набрзо по стапувањето во брак парот ги добил двата сина Брандо и Марс, а актерот признава дека набрзо сфатил оти животот како татко и сопруг почнал да го оддалечува од страста за успех.
„Одлучив да ја напуштам сопругата, свесен дека повторно ќе бидам слободен, но дека ќе се соочам со голем број критики ако ги напуштам децата“ – вели тој.
Парот се развел, а актерот вели дека во 2018-та година успеал да го допре дното.
„Во 2018-та година се разведов од сопругата и потоа 6 месеци бев пијан секој ден, сѐ додека речиси не завршив во кома предизвикана од алкохол.
Тогаш реков дека е доста и оттогаш па наваму немам допрено алкохол“ – вели Микеле и додава дека денес нема други пороци, освен зависноста од цигари, а од дрогите се плаши затоа што смета дека ќе го оддалечат од неговите примарни цели, а тоа се филмската и музичката кариера.
По ова, Микеле признава дека земал антидепресиви и верувал дека никогаш нема да ги оствари своите цели, сѐ додека еден ден не му се јавил агентот и не му рекол дека од Нетфликс го бараат за аудиција.
„Виделе моја фотографија на Фејсбук, а во тој период немав ниту евро во паричникот, ми пратија авионски билет и ми рекоа: ‘Ајде барем да разговараме’.
Стигнав во Варшава за аудицијата и побараа од мене да бакнам една девојка. Беше апсурдно затоа што ја бакнав оваа убава девојка и тие ми го дадоа договорот, па си мислев дека мора да има некоја грешка и нема шанси да сум ја добил улогата“ – изјавува Микеле.
Денес Микеле е во врска со 12 години помладата девојка која редовно споделува нивни заеднички фотографии и јавно му искажува љубов. Дали таа ќе успее да го скроти актерот, останува да видиме.
Прочитајте и Бил во депресија по разводот со бившата сопруга, го „наместиле“ со Клои Кардашијан – факти за Микеле Мороне, актерот од 365 Days
Б. С. Б. | Црнобело