Бил во депресија по разводот со бившата сопруга, го „наместиле“ со Клои Кардашијан – факти за Микеле Мороне, актерот од 365 Days

По разводот со сопругата паднал во депресија и не сакал да глуми, а една година пред да стекне светска слава работел како градинар за дневница. Вели дека Клои Кардашијан првпат во животот ја видел кога му рекле да се слика со неа во Милано – Факти за Микеле Мороне, заводникот од „365 Days“.

bil-vo-depresija-po-razvodot-so-bivshata-sopruga-tvrdi-deka-fotkite-so-kloi-kardashijan-bile-namesteni-fakti-za-mikele-morone-akterot-od-365-days-01.jpg

Микеле Мороне е италијанскиот заводник што ја толкува главната улога во филмот „365 Days“, а кого неодамна го поврзуваа и со ријалити ѕвездата Клои Кардашијан, откако тие двајцата заедно се појавија на црвен тепих во Милано.

Откако фотографиите почнаа масовно да се споделуваат во таблоидите и на социјалните мрежи, се огласи и актерот кој рече дека тоа било првпат во животот воопшто да ја види Клои и рече дека фотките биле направени на барање на ПР тимот на Dolce & Gabbana.

bil-vo-depresija-po-razvodot-so-bivshata-sopruga-tvrdi-deka-fotkite-so-kloi-kardashijan-bile-namesteni-fakti-za-mikele-morone-akterot-od-365-days-02.jpg

Во моментов Микеле важи за еден од најголемите заводници во филмската индустрија. Филмот „365 Days“ е огромен хит на стриминг платформата Netflix, иако според страницата за оцените Rotten Tomatoes има 0% позитивни критики.

Филмот е во полска продукција, а во него играат италијански актери што говорат на англиски јазик, а беше мошне критикуван затоа што промовира силување и насилство, со оглед на тоа што приказната се поврзува со кум на мафија кој киднапира една девојка и ја чува заклучена во неговата палата на една година, додека чека таа да се вљуби во него.

bil-vo-depresija-po-razvodot-so-bivshata-sopruga-tvrdi-deka-fotkite-so-kloi-kardashijan-bile-namesteni-fakti-za-mikele-morone-akterot-od-365-days-03.jpg

Сепак, иако се соочува со негативна критика, филмот му донесе инстантна слава на актерот, а тој вели дека е пресреќен заради вниманието што го добива.

Благодарение на улогата во филмот Микеле денес има над 15,5 милиони следбеници на Инстаграм, а сосема е јасно зошто и Клои Кардашијан сакаше да се фотографира со него во Милано.

Но, што знаеме за италијанскиот заводник по кого полуде женската публика од целиот свет?

Микеле е роден во 1990-та година во градот Битонто во Италија, што се наоѓа во регионот Пуља во Италија. Потекнува од сиромашно работничко семејство. Татко му бил градежен работник, а мајка му била шивачка, а има уште три повозрасни сестри.

bil-vo-depresija-po-razvodot-so-bivshata-sopruga-tvrdi-deka-fotkite-so-kloi-kardashijan-bile-namesteni-fakti-za-mikele-morone-akterot-od-365-days-04.jpg

Татко му починал кога актерот имал само 12 години, а во 2020-тата година тој објави песна што му ја посвети на него и како што рече сите негови спомени од татко му се собрани во видео-спотот за песната.

Студирал театарска уметност, а кариерата ја започнал со повеќе помали театарски и филмски улоги во Италија, но за него речиси никој и не знаеше сè до 2020-та година кога се појави во „365 Days“ во улогата на Масимо Торичели.

bil-vo-depresija-po-razvodot-so-bivshata-sopruga-tvrdi-deka-fotkite-so-kloi-kardashijan-bile-namesteni-fakti-za-mikele-morone-akterot-od-365-days-05.jpg

Микеле има два сина што ги добил од бракот со Руба Садех. Во 2014-та година, на возраст од 24 години го добил синот Маркус, а во 2017-та година и синот Брандо.

bil-vo-depresija-po-razvodot-so-bivshata-sopruga-tvrdi-deka-fotkite-so-kloi-kardashijan-bile-namesteni-fakti-za-mikele-morone-akterot-od-365-days-09.jpg

Руба е позната модна дизајнерка која работела за брендот Ellie Saab, а со Микеле се запознале во 2013-та година и се венчале една година подоцна. Во периодот додека биле заедно се обидувале колку може повеќе приватниот живот да го кријат подалеку од очите на јавноста.

bil-vo-depresija-po-razvodot-so-bivshata-sopruga-tvrdi-deka-fotkite-so-kloi-kardashijan-bile-namesteni-fakti-za-mikele-morone-akterot-od-365-days-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg