Леонардо ди Каприо на прием кај Папата во Ватикан
- Детали
- петок, 29 јануари 2016
Популарниот холивудски актер беше примен од страна на Папата Франциско во Ватикан благодарение, пред сè, на заедничкиот интерес кој и двајцата го имаат за темите поврзани со животната средина и климатските промени, а по повод објавувањето на делото „Laudato Si“.
Малкумина знаат дека тој е голем поборник за заштита на животната средина и има основано фондација која го носи неговото име и која досега има собрано големи суми за заштита на шумите и океаните.
Ди Каприо е, исто така, прогласен и за „Гласник на мирот“ од страна на Организацијата на Обединетите нации.
За време на приемот Леонардо му подари една посебна книга со дела од холандски сликар Хиеронимус Бош кој живеел во XV век, каде му ја покажува сликата „Градина на земни задоволства“ објаснувајќи му дека тоа е сликата која стоеле закачена над неговиот кревет кога бил дете.
Сликата е составена од три дела, во првиот се претставени Адам и Ева, на средината се забележува пренатрупан пејзаж, а последниот дел е всушност визија на пеколот.
„Како дете не разбирав што точно значи, но во моите детски очи тоа беше приказ на планета, утопијата која ни била дадена, прекумерното населување, вишоците, и на крајот гледаме црно небо кое за мене го претставува тоа што во моментов се случува со животната средина“ – објаснува Леонардо покажувајќи ја сликата на Папата.
М. С. | Црнобело